ВестиМакедонијаТоп вести
Производството на шумски производи зголемено, продажбата намалена
Производствотоа на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2020 година е зголемено за 2,7 отсто во однос на третото тримесечје лани.
Според Државниот завод за статистика, во истиот споредбен период продажбата на шумски сортименти изнесува 212 640 метри кубни и бележи намалување за 3,2 процента.
Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни видови, друго обло дрво од листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови. Намалување има кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, друго обло дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.