fbpx
Вести

400 домаќинства ќе добијат компостери за преработка на отпадот од нивите

 

400 domakjinstva kje dobijat komposteri za prerabotka na otpadot od nivite

Домаќинствата од Југоистокот сами ќе произведуваат органско ѓубриво. Наместо на депонија или во речните корита, органскиот отпад ќе се користи за производство на компост. За таа цел 400 домаќинства и земјоделци ќе добијат мали компостери наменети за преработка на отпадот од нивните ниви и домаќинства.

Компостерите ќе бидат обезбедени преку центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на проектот кој се реализира како дел од новиот програмски период на ИПА програмата за прекугранична соработка со република Бугарија. Проектот кој чини 120 000 евра се реализира во соработка со Здружението на југозападни општини од Бугарија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close