Велигденските пости ги поскапеа земјоделските производи. Но и покрај тоа, зелените пазари се преполни, а купувачите се враќаат со полни торби. Најдрастичен раст бележат компирот и зелката, единствено цените се пониски кај јагнешкото. Граѓаните се жалат дека веќе е традиција цените да растат во овој период од годината.
И препродавачите се свесни дека цените се повисоки. Се правдаат дека тоа најмногу се должи на временските услови, а очекуваат и дополнителен благ раст на неколку дена пред Велигден.
Кај јагнешкото сликата е обратна. Преголемата понуда ја намали цената. Ако пред еден месец таа се движеше од 380 до 400 денари, сега изнесува 300 до 350 денари. Сепак, сточарите се жалат дека кланиците и месарниците заработуваат на нивниот грб.
Сточарите веќе бара од државата да ги зголеми субвенциите за килограм јагнешко бидејќи откупната цена е пониска од производната цена.
Сепак, ќе мора да почекаат да завршат претседателските избори за да се изнајде решение.
Извор: Сител