fbpx
Вести

Пролетната сеидба во Виничко реализирана на 86 отсто од планираните површини

Сеидбата на пролетните земјоделски култури во Виничко е реализирана на 740 хектари, што претставува 86 отсто од вкупно планираните површини.

Од житните култури најголеми потфрлања има кај пролетниот јачмен и оризот каде намалувањето е за над една третина од планот, а кај индустриските култури недоволно застапен остана сончогледот кој е засеан само на 30 отсто од површините.

– Еден од главните фактори што имаа негативно влијание врз квалитетот и квантитетот на пролетната сеидба беа неповолните временски услови. Врнежите од дожд и релативно пониските температури, што ги следеа земјоделците од самиот почеток на сеидбените активности, го оневозможија целосното исполнување на планот, иако овластените добавувачи обезбедија соодветен семенски материјал и вештачки ѓубрива, истакна Ацо Анастасов, раководител на подрачната единица за земјоделство во Виница.

Дополнително влијание за намалените површини со ориз имаа и неповолните состојби со пласманот и откупните цени на арпата, поради што земјоделците сезонава се откажаа од сеидба на најзастапената земјоделска култура во регионот.

Освен кај сончогледот, пролетва во виничкиот регион на околу пет хектари помалку беше застапен тутунот, а единствено зголемување за околу 50 отсто има кај афионот. Кај фуражните и градинарските култури нема потфрлања и, според планот, тие се застапени на околу 200 хектари.


 

а1он

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close