Пролетниот мраз фатален за некои овошки
Земјоделците веќе најавуваат помалку овошје за годинава бидејќи некои од културите не успеале да ги издржат ниските темератури.
Ниските температури и променливото време изминативе денови ќе нанесат штета на земјоделските плодови. Снегот кој падна на 21 март нема да предизвика толкава штета, тој е добредојден зашто количината на вода – ем ќе ја навлажни почвата, ем ќе ги наполни акумулациите кој беа испразнети поради есенската суша.
„Штети ќе има колкави ќе бидат многу е рано да се предвиди, бидејќи сè уште не се добиени сите податоци од терен. Тоа може да биде најчесто како во изминатите години кога имавме исти или слични временски услови, односно да се случи само со проретчување со родот што од друга страна би добиле поквалитетни плодови на исто дрво…“, рече Ангелко Ангелевски-Агрометеролог, Управа за хидрометеролошки работи.
Земјоделците веќе најавуваат помалку овошје за годинава бидејќи некои од културите не успеале да ги издржат ниските темератури.
„Во февруари имавме ниски температури, имавме снег, сега имавме повторно снег, сето тоа придонесе за некои од културите да измрзнат. Особено измрзнати се праските и кајсиите. За жал ќе имаме малку од тоа овошје оваа година. Предизвикаа ниските температури во февруари месец измрзнување на некои лозови насади кои се во близина на ниско подрачје“, рече Васка Мојсова- Претседател на Национална федерација на фармери.
Покрај негативни импликации врз овошјето, студеното и променливо време лошо влијае и врз пчеларството зашто пчелите не излегуваат да собираат полен. Од Министерството за земјоделство велат дека по добиениот земјоделски извештај кој го изготвува Управата за хидрометеоролошки работи ќе одлучат дали и какви мерки ќе бидат креирани доколку треба да им се помогне на овоштарите.https://alsat.mk/mk/proletniot-mraz-fatalen-za-nekoi-ovoshki/