fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Пролетно садење на овошки со подобрувач на својства на почва – Тераграмин

Овој период од годината е наменет за подготвување на почвата за подигање нови овошни насади. Секоја почва сама по себе не претставува соодветна подлога за одгледување на долгогодишните овошни насади. Влошувањето на климатските услови пак дополнително бара од нас да се посвети поголемо внимание на подготовката на почвата, за да се создаде добра основа за развој на овие култури и нивно подобро адаптирање и справување со климатските промени. Само во квалитетна почва, може да се развие здраво растение. А квалитетот на почвата значи добра структура, капацитет за задржување на воздух, влага и топлина во себе, соодветна pHреакција итн. Ова се постигнува со добра обработка на почвата и со употреба на подобрувачот на почва – Тераграмин, како агротехничка мерка при подигањето на новите овошни насади. Тераграмин како подобрувач на почва може да се користи при подигнување на нов насад како и кај постари насади. За нов насад може да се растури по целата површина на парцелата наменета за садење со ѓубре- растурач и да се заора со цел да се инкорпорира во почвата или да се третира само делот на кој ќе се засадат овошките со ставање на соодветна количина во дупката и замешување на еден дел од количината на Тераграмин со почвата за затрупување. Кај постари насади се препорачува да се растури по должината на редот со овошки и да се фрезира или доколку е можно да се окопа овошката и во формираниот прстен околу стеблото да се стави Тераграмин кој потоа ќе се затрупа со почва.

Сливата е овошка која бара попоплодни почви, кои треба да се лесни и пропустливи, по можност богати со фосфор и калиум. Нивото на рН треба да биде од 6,0-7,5. При садењето треба да се употребува Тераграмин во количини од 0,5 кг во самата дупка и 2,5 кг за затрупување на истата. Кај веќе постоечки насад да се користи Тераграмин во количини од 5 кг по садница во бразди од двете страни на редот.

 

За одгледување праски активниот (ораничен) слој треба да биде длабок, растресит, водопропустлив со добар водно-воздушен и топлотен режим. Почвите на кои се сади праската треба да бидат лесни, песокливи или песокливо-иловести со рН 6,0-7,0. При садење соодветното количество NPK минерални ѓубрива за овоштарство треба да се стави на дното на јамата (5-20-30, 7-14-21, итн.) помешан со 0,5 кг Тераграмин по садно место. Кога садниот материјал е засаден, каналот во кој се става арско ѓубриво и земја за затрупување помешано со 2,5 кг Тераграмин се отвора во облик на прстен околу садницата. Кај постоечки насад се користи Тераграмин во количина од 5 кг по садница.

Вишната бара пропустливи топли и длабоки почви (песокливи иловести, иловести и иловесто-глинести). Подготовката на почвата се врши со риголување на теренот на длабочина од 60 см и нејзино рамнење. Потоа се копаат јами и во нив се става Тераграмин помешан со земја во количина од 0,5 кг по садница, а потоа со 2,5 кг по садница да се измеша со земјата за затрупување на јамата. Може да се употреби и ѓубриво во смесата. За веќе подигнат насад од 2-3 години потребно е да се користи Тераграмин во количина од 5 кг по садница со нанесување во бразди од двете страни во редот или со правење прстен околу садницата.

За успешно одгледување на круши потребни се длабоки почви, добро дренирани, лесни песокливи, иловести или иловесто-песокливи со рН 5,5-7,0.

На веќе ископаните јами да се користи Тераграмин во количина од 0,5 кг по садница измешан со земја во висина на слој од 5-8 см. Остатокот на Тераграмин во количина од 2,5 кг по садница да се измеша со земјата за затрупување.

На оревот му одговараат длабоки и плодни почви, но може да се одгледува и на земјиште со послаб квалитет. За плантажно и интензивно одгледување на ореви потребно е да се изберат длабоки и пропустливи почви, со pH 6,5 – 7,5. Со употреба на Тераграмин може да се подобри структурата на почвата и да се изврши корекција на несоодветната pH реакција за да се прилагоди земјиштето за одгледување ореви. Исто така со подобрувањето на капацитетот на почвата за задржување до 60% влага и подоброто искористување на хранливите материи од ѓубривата со употребата на Тераграмин се постигнува оптимален развој на оревот.

 

За бадемот е многу значајно да има доволна количина на вода во периодот на интензивен вегетативен раст и развој. На бадемот му одговараат длабоки дренирани песокливо-иловести или иловести земјишта, кои се богати со хумус, минерални материи и имаат неутрална, слабо кисела или слабо неутрална реакција. Земјиштето треба да биде растресито, бидејќи бадемот има многу развиен корен, кој продира и до 4 м длабочина. Со употребата на Тераграмин се забрзува растот и развојот на растението и тоа напредува многу повеќе од нетретираните садници.

Со употребата на подобрувачот на почва Тераграмин се добива зголемена структурност на самата почва со што сите хранливи макро и микро елементи растворени во водата рамномерно се дистрибуираат од кореновиот систем кон останатите делови на растението, со што овошките се развиваат подобро. Тераграмин има продолжено дејство од минимум 5 години, така што предностите од неговата употреба во овоштарството се долготрајни. Тераграмин нуди можност за поеколошко земјоделско производство и претставува едноставна, но ефективна агроеколошка мерка која треба да се практикува и во конвенционалното и во органското земјоделско производство. При конвенционалното одгледување поради подобреното искористување на хранливите материи, значително се намалува употребата на ѓубрива, со што се штити животната средина и здравјето на луѓето. При органското земјоделско производство кое во последно време зема голем замав кај нас, се препорачува употреба на Тераграмин кај сите земјоделски култури, а особено во периодот на конверзија – преминување од конвенционално во органско производство, со цел подобрување на квалитетот на почвата и нејзино прочистување од остатоците на ѓубрива и штетни материи од претходните третирања. Тераграмин поседува Сертификат за примена во органско производство издаден од овластеното сертификационо тело Процерт.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close