fbpx
Вести

Средба на инспекторите од областа на земјоделството

Државниот инспекторат за земјоделство интензивно ќе работи на спроведување на обврските што произлегуваат од над 30-тина закони со кои е регулирана сферата на производство на храна.

sredba na inspektorite od oblasta na zemjodelstvoto

 

Ова беше посочено на состанокот на инспекторите од југозападниот дел на Македонија со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Како што информираат ова е особено значајно кога сме во фаза на подготовка за жетва на есенските култури, но и поинтензивна примена на заштитни средства во овоштарството и градинарството кое е најзастапено во овој регион.

Во наредниот период инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство поинтензивно ќе бидат ангажирани во делот на рибарството и аквакултурата што е обврска на оваа институција.

Трипуновски го проследи извршувањето на концесионерскиот договор во риболовната зона која е дел од ХЕЦ „Глобочица“ во објектот Далјан кај Струга, каде што се врши стопански риболов на јагула.

Концесионерот „ Летница-Белвица“ – од Струга го информираше директорот за минатогодишниот стопански риболов на јагула што се проценува за над 400 килограми.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close