Три нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“

На јубилејното петнаесетто издание на Austria Wine Challenge 2018

Винарската визба „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ се закитија со уште еден златен и два сребрени медали на годинешното јубилеjно петнаесетто издание на светски реномираниот вински натпревар во Австрија – Austria Wine Challengeкој се одржа во Виена.

Во конкуренција од над 12,000 вина од 40 земји од пет континенти, со златен медал беше наградено црвеното вино „Барово од бербата 2015, а сребрен медал освоија две вина од минатогодишната берба, и тоа белото „Барово“ на ВВ „Тиквеш“ и белото вино „Chardonnay Domaine Lepovo.

Карактеристичниот начин на дегустација и строгите правила при оценувањето го прават Austria Wine Challenge еден од најпрестижните светски познати натпревари за дегустација на вино, кој ги поставува највисоките стандарди и барања во поглед на континуираното подобрување на квалитетот во светот на виното.

Оваа година бројот на награди и специјални признанија освоени на најпрестижните светски натпревари надмина 60, со што „Тиквеш“ како предводник на македонската винска индустрија го зајакнува реномето на македонското вино.


makmoda.com

Share Button