Агро бизнисВестиТоп вести
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег
МЕТЕО АЛАРМ за денес: Денес ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните, а во текот на ноќта во западните делови.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.




