
ВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Во петок и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд.
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во петок и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури.