fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со сончеви периоди

Во југозападните делови ќе има појава на локален дожд со ретки грмежи

Времето во државава денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во југозападните делови ќе има појава на локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови краткотрајно засилен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. УВ=6

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Синоптичарите за утре прогнозираат повремен локален дожд со ретки грмежи, претежно во југозападните делови. Во деновите потоа ќе биде малку до умерено облачно. Од утре ќе дува и слаб до умерен, а на места краткотрајно засилен ветер најчесто од североисточен правец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close