Агро бизнисВестиТоп вести

Променливо облачно време, кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд

Од утре следува заладување со нови пообилни врнежи. Потоа ќе има претежно стабилно време, а од петок повторно ќе има врнежи од снег и дожд.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд.

Можно е да е слика од текст кој вели „Ден Вторник (17.02) Среда (18.02) Време Четврток (19.02) Ветер Петок (20.02) Сабота (21.02) Мин.тем. ር -2до4 до Мак.тем. (°C) До 10 -8 до -1 До 12 -1дО6 8 15 -3 До до 4 8 8до 14 до 10“

На планините и на повисоките места во западните делови од земјата ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен северозападен, а наместа и повремено засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 1 до 5 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

И во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд, а ќе дува променлив ветер. Минималната тмпература ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Од утре следува заладување со нови пообилни врнежи. Потоа ќе има претежно стабилно време, а од петок повторно ќе има врнежи од снег и дожд.

Поврзани новости

Back to top button