fbpx
ВестиМакедонија

Заев очекува масовната имунизација да почне кон крајот на месецов или почетокот на следниот

Она што го знаеме по сите информации е дека на крајот на март ги очекуваме првите количини од Ковакс системот, рече премиерот..

Премиерот Зоран Заев очекува кон крајот на месецов или почетокот на следниот да започне масовната имунизација во земјава. Кон крајот на месецов, како што денеска изјави, се очекуваат првите количини преку Ковакс системот, а следната недела и вторите дози од руската вакцина „Спутник“ со која се вакцинираат здравствените работници.

На 30-ти овој месец во земјава треба да допатува и кинескиот министер за одбрана кој најверојатно ќе даде и попрецизна информација кога ќе пристигнат кинеските вакцини.

– Она што го знаеме по сите информации е дека на крајот на март ги очекуваме првите количини од Ковакс системот. На 30-ти доаѓа министерот за одбрана на Кина и веруваме дека ќе донесе попрецизна информација кога ќе стигнат и кинеските вакцини. Мислам дека кон почетокот на следната недела ќе стигнат и вторите дози од „Спутник“ кои се користат за здравствените работници, изјави Заев по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.

Покрај здравствените домови и здравствените установи каде може да се врши имунизација, се подготвуваат и дополнителни објекти со цел побрзо да се спроведе масовната имунизација на населението.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close