вести

Променливо време во работната недела пред нас

Во работната недела која што е пред нас во никој случај нема да има еднозначно време. Станува збор за прилично променлива недела, во однос на неколку метео параметри.

Денеска повисоките места можат да очекуваат прилично топол јануарски ден, со максимална температура околу 13°С. Во гевгелиско – дојранскиот регион максималната ќе има вредност околу 15°С, а низ останатите котлини околу 12°С.

promenlivo vreme vo rabotnata nedela pred nas

 

Вторник ќе биде уште еден топол јануарски ден, но ќе биде прилично ветровит. Ќе дува умерен, повремено и засилен јуогзападен и западен ветер. Југозападниот регион очекува поветровити услови. Денот ќе биде претежно облачен, со тенденција за пооблачно време во западниот и северниот регион. Врнежи од оваа облачност се очекуваат, а истите ќе бидат позастапени во крајниот запад од земјава. Локално дожд повремено ќе паѓа и во северната половина од земјата. Максималната температура низ котлините во западниот и северниот регион ќе има вредности околу 12°С, на југоисток околу 15°С.

esen-12

Среда, сеуште ветровита на повисоките места, додека низ котлините ветерот генерално ќе стивнува. Во втората половина од денот ветерот ќе го менува правецот во „корито“ север – северозапад. Овој ден ќе биде значаен по тоа што се очекува продор на постудена воздушна маса од север, која ќе услови пад на температурата, кој ќе биде поосетен на повисоките места, каде максималната вредност нема да надмине 3-4°С. Денот ќе биде претежно облачен, а на повисоките места во западниот крај, но и на потегот од осоговијата до малешевијата  се очекуваат повремени врнежи од снег.

Низ котлините во среда се очекува температурен максимум околу 8°С во северниот и западниот крај, и околу 10°С во југоисточниот крај.

amsm-31.07.2015--625x390

Четврток ќе донесе сончеви периоди, а врнежи во овој ден не се очекуваат. Максималната температура во однос на среда ќе биде пониска за околу 2°С.
Во петок постепепено ќе „потпаѓаме“ под ново циклонско влијание кое за почеток ќе донесе ново југозападно струење, а со тоа и нов, но краткотраен пораст на температурата. Во однос на четврток се очекува пораст на температурата за околу 4°С, а со тоа максималната температура во поголем дел од земјата ќе има вредност во границите од 9°С до 12°С.
Облачноста во петок ќе се зголеми, а во втората половина од денот се очекува почеток на нов бран врнежи, за почеток од дожд.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close