Протест на лозарите пред винарската визба „Тиквеш“
Изреволтираните лозари го истураа грозјето.Повеќето од лозарите добиле покани за да берат картошија, но откако пристигнале со полни трактори пред винарската визба им било кажано дека грозјето нема да им биде откупено, доколку не надминува 19 малигани.
Иако се чинеше дека најголемата винарска визба во земјава „Тиквеш“, ќе го почитува договореното и ќе плаќа по 11 денари за смедервката и 13 за вренец – картошија, сепак тоа не случи. Незадоволните лозари денес попладне започнаа протест пред внарската визба „Тиквеш“, објави Канал 5.
Повеќето од лозарите добиле покани за да берат картошија, но откако пристигнале со полни трактори пред винарската визба им било кажано дека грозјето нема да им биде откупено, доколку не надминува 19 малигани. Подоцна за грозје со 19 милигани или помалку им била понудена од само 8 денари за килограм. Тоа и ја прелеало чашата, па лозарите почнале да го истураат грозјето од тракторските приколки пред влезот на винаријата.
За време на протестот, со лозарите биле градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев како и пратениците од Кавадарци, Даниела Колева и Зоран Јованчев.
Јанчев, Колева и Јованчев биле и на средба со раководството од винаријата.