fbpx
ВестиСовети

Ова мора да го знаете ако сакате да подигнете пластеник

Пред да се впуштите во проект за подигнување на пластеник, задолжително мора да ги согледате сите трошоци. Мора да водите сметка за подготовката на теренот, доведување вода и струја, а за големите пластеници задолжителна е изградба на трафостаници, купување агрегати и поставување на тврда подлога.

Мали имоти

Решението за земјоделците со мали имоти или градските семејства кои имаат малку земјиште на село, секако е одгледување на зеленчук во пластеници. Четиричлено семејство може да се издржува со приходите кои ги носи пластеник од 2500 метри квадратни. Кога ќе се земе предвид дека приходите од еден хектар под пластеник или стакленик можат да бидат поголеми од приходите од 150 хектари под пченица, пресметката е јасна – вели проф др Жарко Илин од новосадскиот земјоделски факултет.

Трошоци за подигнување на пластеник

Пред да се впуштите во проект за подигнување на пластеник, би требало да ги согледате сите можни трошоци. Вашата пресметка би требало да ги опфаќа трошоците за нивелација на теренот, доведување вода и струја, а за големите пластеници задолжителна е изградба на трафостаница, купување агрегат и поставување на тврда подлога, за да можат шлеперите со опремата да дојдат до парцелите. Во овие трошоци влегува и премерување и бушење на дупка за бетонските работи, односно бетонски стопи.

Цената на пластеникот зависи од:

  • Типот на конструкцијата (ширина, висина, оддалеченост на столбовите, односно оптоварувањето под снегот и брзината на ветрот која пластеникот може да ја издржи)
  • Вид на фолија (двојна на надувување или еднослојна), начинот на отворање на пластеникот (покривно, странично, челно) и
  • Степен на автоматизација (автоматско отворање на покривите или бочните страни, надувување на пластеникот кај двојна фолија)
  • Опремата во пластеникот може да биде со различен квалитет и автоматизацијата почнува од системот за наводнување, односно начинот за наводнување и прихрана (компјутери, дозатори, вентуриеви цевки), траки или црева, систем на распрскувачи и фогери, до систем на греење или само догревање и заштита на конструкцијата, како што се на пример, топови на гас и нафта или калорифери.

Оспособување на пластеникот

При оспособување на пластеникот за работа, треба да се имаат на памет и трошоците за набавка на механизација, алат и прибор, како и репроматеријали за почеток на производство, но и за работна сила. Се ова треба да се разгледа пред да се влезе во оваа работа. Проектот на подигнување на пластеникот е завршен кога во истиот е посадена или посеана растителната врста, односно видовите кои сакаме да ги одгледуваме.

Проветрувањето на пластеникот, може да биде челно, странично или покривно. Најдобро и најефикасно проветрување е покривното. Покривите се отвораат автоматски, преку информациите кои ги дава метереолошката станица на покривот, односно сензорите за влажност и температурата во пластеникот.

Загревање на пластеникот

Едно од најважните прашања, кога станува збор за производство во заштитен простор е греењето. Постојат различни решенија, а тие во основа зависат од две работи: времето на производство и видот на растенијата кои се одгледуваат.
Ако производството тргне во јануари или февруари и ако во пластеникот се одгледуваат видови на кои им одговара топло време, како што се домати, пиперки или краставица, тогаш се врши греење, односно ако производството започне во март за тие видови или доколку во текот на зимата се одгледува лук итн, тогаш се врши само догревање.

Греењето на пластеникот се постигнува, пред се со поставување мрежи од пластични или метални цевки низ кои поминува врела вода, додека догревањето се врши со калорифери, термогени итн. Како енергенси може да се користат биомаса, дрва, масло, гас и нафта. Во последно време се повеќе се дава внимание на геотермалните извори на вода.

 

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close