fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Протест на земјоделци во Гостивар: Ќе останеме без егзистенција поради блокиран канал за наводнување

Од подружницата на Водостопанство во Гостивар, кои стопанисуваат со каналот и се надлежни за негово одржување, велат дека за проблемот биле запознаени лани во септември од страна на земјоделец и дека биле преземени низа мерки.

Земјоделци од 14 полошки села денес излегоа на протест во Гостивар да изразат револт поради блокиран канал за наводнување во населбата Малеарди. Како што нагласија, три четвртини од каналот од кој ги наводнуваат своите ниви, по извршени градежни работи бил асфалтиран, станал нефункционален со што им е загрозена егзистенцијата, објави .

Каналот Здуње – Пирок е во вкупна должина од 15 километри и е наменет за наводнување на земјоделски површини од вкупно 3.600 хектари.

„Ќе останеме без вода за наводнување на нашите земјоделски површини. Се прашуваме како ова може да се случува во денешно време, некој да се дрзне во канал направен во 1964 година, реконструиран во 1984 година со капацитет од 4.1 метар кубен во секунда, да постави бетонски цевки со капацитет од 1 метар кубен, да го тампонира и на крај да го асфалтира без согласност на Водостопанство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во чија надлежност е каналот. Бараме итно надлежните органи и институции да преземат мерки, да го расветлат случајот и да го вратат каналот за наводнување во првобитната состојба.“, рече Живко Јовановски, претставник на иницијативен одбор за протестите. Според него градежен инспекторат од општината на 17 октомври 2024-та донел решение за прекин на градбата, кое било доставено до фирмата изведувач, но изградбата продолжила.

Од подружницата на Водостопанство во Гостивар, кои стопанисуваат со каналот и се надлежни за негово одржување, велат дека за проблемот биле запознаени лани во септември од страна на земјоделец и дека биле преземени низа мерки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close