fbpx
ВестиТоп вести

Преспа алармира за итна финансиска помош за да се спасат дрвјата во насадите

 

Искршени и откорнати дрвја, родот од јаболката паднат на земја, јаболкници без лисна маса, оштетувања од град по целите стебла и гранки се само дел од страшните слики од долна преспа регионот кој пред три дена беше на патот на страшното невреме кое остави пустош зад себе. Овоштарите од најпогодениот регион сметаат дека јавноста не доволно знае каква е штетата.

-Полошо е од што се мисли. Атомски ураган како да не удрил јас така би ја опишал сликата сега во долна Преспа. Ако се спомне невреме дека не погодило воопшто не ја опишува сликата и состојбата кај нас, вели Љубе Пампулевски претседател за здружението  на овоштари ,, Благој Котларовски,, од Ресен.

Експертите по заштита укажуваат дека во погодениот регион од невремето потребни се итни мерки за заштита за да се спасат насадите од носно дрвјата. Најтешкото прашање сега е како да им се каже на тие овоштари дека треба да ги третираат насадите исто како да има род дури и подобро што за нив е огромен финансиски товар ако се земе предвид фактот дека од 2015 наваму секоја година се со ложи производни резултати и немаат земено пари па дури и годинешниот род во најголем дел им остана не продаден а тие се на големо задолжени по аптеките.

-Во Преспа сега се очекуваат неколку сценарија од кои ниту едното не е добро. Сега штетите од изгубениот род се занемарливи во однос на опасноста да ги изгубат и растенијата. Кај оние насади каде што невремето направило целосна дефолијација односно каде нема останато листови постои голем опасност со затоплувањето на времето кое е многу веројатно да се очекува да дојде до така наречен транспираторен шок. Тоа значи дека растенијата кои немаат листови немаат ни стомини отвори преку кои народски кажано се ладат и ако не се преземат мерки за прскање со вештачки дожд може да се исушат дрвјата. Друго сценарио е кај насадите кои се по целото стебло и гранките со удари од град и со оштетувања. Тоа се влезни рани за патогени габи пред се од групата на трулежни габи кои ако еднаш влезат во дрвесината многу тешко може да се поправат последиците. Другата лоша работа се плодовите кои се паднати на земја или по дрвата кои сега се како хранлива подлога на која се размножуваат патогени и кои претставуваат огромен потенцијал за извор на зарази кој треба да се спречат. Уште едно негативно сценарио се оние растенија кои имаат останато малку лисја каде растението природно ќе се обиде да ја обнови вегетацијата односно да пушти нови листови и нови ластари. Сето ова ќе троши од резервите на храна а дополнително тие ластари е прашање на време дали ќе стаса да се созрее и да се подготви за зима. Во таков случај и најблага зима со ниски температури може да предизвика големи оштетувања од ниските температури вели професорот по заштита на растенијата Раде Русевски.

Селата од долна Преспа сега бараат итна финансиска поддршка и реална и објективна проценка. Состојбата е таму дојдена до степен да од оваа одлука ќе зависи егзистенцијалното прашање. Луѓето се таму економски исцрпени и без брза интервенција од државата нема да можат самите да направат нешто. Но и покрај апелите за итна финансиска помош за да може да се реагира бргу и да спасат насадите министерот за земјоделство упатува на владината процедура за која очекува дека за десетина дена ќе завршат комисиите на терен па потоа владина комисија да одлучува по тој извештај.  Секој изминат ден додека се чекаат процедурите е чекор поблиску до губење на една четвртина од преспанските јаболкови насади.

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close