ВестиМакедонија
Протест на жителите од Лескоец
(Видео)Во лето од чешмите не капнува ниту капка вода, во зима кога како, улиците им тонат во кал, неасфалтирани полни со јами. И вака цели 30 години во крајно нехумани услови живеат дел од жителите на охридското село Лескоец.
Во лето од чешмите не капнува ниту капка вода, во зима кога како, улиците им тонат во кал, неасфалтирани полни со јами. И вака цели 30 години во крајно нехумани услови живеат дел од жителите на охридското село Лескоец.
Околу 300 жители на ова село кое инаку е поврзано со Охрид три децении ги делат овие проблеми.Денеска неколкумина од нив излегоа на мирен протест.
Сите градоначалници изминативе години им ветувале решение за проблемите, но само предизборно.Ако и сега не им се помогне најавуваат дека ќе протестираат и пред општина.
https://www.24.mk/details/protest-na-zhitelite-od-okhridski-leskoec