
Вести
Oкрупнувањето во аграрот носи поголеми приноси со помали трошоци
Расте бројот на земјоделци кои се здружуваат во задруги. Мерките со кои државата го стимулира здружувањето го даваат својот ефект. Само годинава се формирале 10 кооперативи во земјава. Со тоа бројката се зголеми на вкупно 37.
Една од мерките е покривање на целата плата на управителот во првата година, со намалување на поддршката за 20 отсто секоја наредна година. Државата покрива и 90 отсто од трошоците за набавка на земјоделска механизација.
Од Федерацијата на фармери велат дека окрупнувањето на производството носи поголеми приноси, а воедно ги намалува трошоците што ги имаат земјоделците.