fbpx
ВестиТоп вести

Најнова вест, прочитајте-Откупот на тутунот продолжува во понеделник, протестите во мирување, откупувачите ќе ги омекнат проценките

Откупувачите ќе ги омекнат проценките, односно ќе ги направат пореални,  ова е исходот од денешната средба на тутунопроизводителите, откупувачите и МЗШВ што денеска се одржа во Скопје.  

Протестите на тутунарите се ставаат во мирување. Од понеделник се нормализира откупот во сите откупни пунктови, се повикуваат сите тутунари да излезат на откуп. Откупувачите ќе ги омекнат проценките, односно ќе ги направат пореални, на ниво на ланските, ова е исходот од денешната средба на тутунпроизводителите, откупувачите и МЗШВ што денеска се одржа во Скопје.

Тутунарите од средбата порачаа дека ако не се почитува овој договор ќе реагираат уште веднаш, наредните денови. Но начелно се договорени во петок да имаат повторно средба за да се види како протекла неделата. Состојбите на терен ќе се следат од Инспекторатот. На средбата се договорија , освен што ќе биде по фер проценката на тутунот , да нема поголеми одбитоци од 5 проценти, бидејќи тутунарите се жалеа дека сега одбитоците им се околу 10 проценти. Ако одбитоците се над 5 проценти да се реагира до Второстепена комисија. Министерот Хоџа од средбата порача дека МЗШВ се јавува само како посредник во овој процес, засега нема да бидат преземени мерки за укинување на 4 класа, туку Инспекторатот ќе ја следи состојбата. Ако до следниот петок не се надмине состојбата тогаш најави дека ќе ги преземе сите законски мерки за да им помогне на тутунарите.

А.Б З.Б

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close