вести

Жителите од реонот на Азот од печурки оваа година заработиле од седум до десет илјади евра

 

 

zhitelite od reonot na azot od pechurki ovaa godina zarabotile od sedum do deset iljadi evra

Жителите од реонот на Азот се офајдија од печурки годинава. Заработија од седум до десет илјади евра. Берењето и продажбата на печурките, за жителите од Теово, Согле, Бистрица, Богомила, Ореовдол, Мокрени, Габровник, Ореше, Црешнево и Нежилово, стана профитабилна дејност. И не само за нив, од печурките заработија и граѓаните кои одамна ги напуштиле овие села, па во екот на бербата се вратиле и цело лето го собирале родот, пишува duma.mk.

Над илјада жители до сега собраа и продадоа над сто тони печурки од кои најмногу од сортите врган, лисичарка и јајчарка. Килограм свежи печурки откупувачите им ги плаќале по цена од 150 до 200 денари, додека еден килограм суви печурки го откупувале по 1.500 денари.

– Годинава собрав десет тони печурки и заработив околу десет илјади евра. Днево собиравме и по 200 до 300 килограми. Единствен извор за егзистенција ни се печурките кои годинава ги имаше многу. Добро е што имаше откупувачи и што Шумското стопанство Бабуна навреме ни даде дозволи за собирање на шумски плодови, рече берач на печурки од Согле.

Со цел да не бидат набрани отровни печурки и годинава во општина Чашка се одржа неколкудневна обука. Стручни лица од Скопје со примери им покажале на заинтересираните граѓани кои печурки се за јадење а кои се отровни.

Шумите во реонот на Азот, покрај печурки се богати и со други шумски плодови како што се боровинки, малини, капини и разни видови на тревки за лекови и чаеви.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close