fbpx
ВестиМакедонија

Бочварски: Завршена е изградбата на пругата Битола – Кременица, а Министерството е во фаза на издавање употребна дозвола

Во услови на пандемија проектите ги реализираме со зголемен интензитет.

Проектите што ги реализираме не само што не се забавени туку во овие стотина дена од новата Влада добија и поголем интензитет, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната прес-конференција, на која информира за реализираните активности на Министерството во првите 100 дена. Показател за тоа, како што рече тој, е движењето на градежниот сектор, кој во третиот квартал оствари раст од 3,4-процентни поени, како и фактот што во градежните компании нема отпуштање вработени.

„Завршивме со изградба на првиот дел од експресниот пат Штип – Кочани, односно ја пуштивме во употреба делницата Штип – Крупиште. Интензивно продолживме со изградба на експресниот пат Штип – Радовиш и експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. На вчерашната седница на Владата донесовме одлука за преземање на градежните активности од нов изведувач на експресниот пат од Градско до Прилеп, односно делница Градско – Дреново. Тоа значи дека сега имаме чист терен за работа и активно продолжуваме со изградба на оваа значајна патна врска кон Пелагонија.

Понатаму, ги завршивме сите нови проекти што беа пропуштени при изградба на автопатот Кичево – Охрид и сега имаме забрзана динамика на изградба. Уште еден значаен проект што го работи Министерството за транспорт и врски е проектот за изградба и санација на локални патишта, вреден 70 милиони евра. Деновиве ќе потпишеме договор со изведувач и почнуваме со реконструкција на 27 патишта во 13 општини“, изјави Бочварски.

Во делот на железничкиот сообраќај министерот истакна дека е завршена изградбата на пругата Битола – Кременица, а Министерството е во фаза на издавање употребна дозвола за користење на пругата. Тој се осврна и на проектите во комуналната инфраструктура, каде што активно се работи на над 20 проекти за изградба и реконструкција на канализациска и водоводна мрежа, на почнување изработка на нов закон за градење, како и договор за изработка на ГУП за Град Скопје.

„Во насока на обезбедување дом за ранливи категории граѓани, преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор почнавме со изградба на две нови социјални згради во Демир Капија со 16 стана и во Гевгелија со 52 стана. Набргу очекуваме да почне да се гради нова зграда и во Велес со 29 стана. Во овој момент се градат вкупно 576 социјални станови“, потенцира министерот Бочварски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close