fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Прв јавен повик на ФИТР за дигитализација на земјоделството со буџет од 6 милиони денари

Јавниот повик е објавен на веб страната на ФИТР, а рокот за доставување на апликациите е 16 април до 14 часот.

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерството за земјоделствошумарство и водостопанство, го објави првиот јавен повик за дигитализација на земјоделството. Буџетот за таа намена изнесува 6 милиони денари (97,5 илјади евра) за четири проекти. Овие средства се од Програмата за рурален развој од која се издвојувале досега по еден процент. Максималниот износ за секој корисник е по 1,5 милион денари или 90 проценти од висината на проектот, а избраните апликанти ќе инвестираат 10 проценти. Проектите треба да се остварат во период од 12 месеци.

„Станува збор за иновативни стартапи кои имаат демо или некаков развиен продукт со кој ќе овозможат дигитализација на земјоделството. Очекуваме многу пријави, а по успехот на овој повик, планираме да ја продолжиме соработката со Министерството за земјоделство“, изјави директорот на ФИТР, Коста Петров.

Според заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, примената на новите дигитални технологии ќе овозможи намалување на трошоците, подобар квалитет и поголема конкурентност на земјоделските производи.

Од ФИТР објаснуваат дека, во изминатиот период, земјоделството, заедно со ловство, шумарство и рибарството има остварено вкупен пораст на БДП од 4,5 отсто. Секторот бележи континуиран годишен пораст на вредноста од 871,4 милиони евра во 2014 година, на 911 милиони евра во 2019 година, освен во 2017 година поради влијанието на временските услови. Заедно со преработувачката индустрија, учеството во БДП достигнува 12 отсто, односно е на трето место после индустријата и услугите. Сепак, оваа индустрија останува непрепознаена, а прифаќањето на дигиталните технологии се одвива многу бавно. 

Јавниот повик е објавен на веб страната на ФИТР, а рокот за доставување на апликациите е 16 април до 14 часот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close