fbpx
ВестиТоп вести

Меѓународен саем за пчеларство – Плевен 2019

Во Плевен  Бугарија викендов се одржува  XVII Меѓународен саем за пчеларство – Плевен 2019. Станува збор за традиционална манифестација што ја организира Регионалната пчеларска унија – Плевен по повод празникот на бугарските пчелари Св. Харалампие  10 февруари. Саемот е под покровителство на Министерството за земјоделстбво и храна во Бугарија.

 

Учество ќе земат над 150 фирми од 22 земји, пчелари и организации од земјата, Европа и Азија , претставувајќи последни новини  во областа на пчеларското производство. Се очекува саемот да го посетат организирани групи пчелари од различни региони во земјата и од Романија, Србија, Хрватска, Грција, Македонија, Кипар, Турција. Како што дознава Зелена берза на овој саем се очекува да потпишат меморандум за соработка пчеларското здружение „Нектар“ од Битола Македонија со пчеларска унија од Плевен. Соработката доаѓа по збратимувањето на градовите  Плевен и Битола.

З.Б

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close