fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Сашо Јосифовски вели дека не е точно дека Тутунски Прилеп го откупил договорениот тутун

Јосифовски на 19 фавруари треба да предаде околу 500 кг тутун во ТК Прилеп

Не е точно дека  Тутунски комбинат Прилеп го откупил договорениот тутун, јас треба допрва да предадам тутун на 19 февруари на откупен пункт во Свето Митрани, вели Сашо Јосифовски, тутунар од селото Трновци, Пелагонија.

Револтот кај Јосифовски следува по изјавата на ТКП дека „договореното е купено, значи се друго што ќе се откупува до крајот на откупот е вишок на тутун“.

Сашо Јосифовски вели дека годинава призведол 2200 килограми тутун од кои половината се договорени за откуп во ТК Прилеп.  Пред извесно време му се откупени 600 килограми, и сега околу 500 треба да се дооткупат за 4 дена.

-Лошо годинава поминав со откупот на тутун, досега од произведени 2200 килограми со лошите проценки сум оштетен за 4 илјади евра,  вели Јосифовски.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close