fbpx
Вести

Работа има, пари има, а никој не сака да работи

malinki

Здружението на малинари од Ариље од соседна Србија, „Виламет спас“ бара сезонски работници.

Нив им требаат 5000 сезонци, но велат дека секоја година има сѐ помал интерес за оваа работа.

„Во текот на сезоната вработуваме околу 15.000 сезонски работници од различни краеви на Србија, но од година во година е сѐ потешко да се дојде до добри работници за оваа работа. Заработката и условите се многу добри“ – вели претседателот на здружението, Драган Богдановиќ.

Нудат по три оброци дневно и дневница од 2000 до 2200 динари.

Во Пожега плаќаат и по 3.300 динари, но работници недостигаат.

Бербата во Ариље ќе почне за недела дена затоа што веќе има зрели плодови.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close