fbpx
ВестиВиноТоп вести

Лозарите бараат повисоки откупни цени за грозјето

Ниту зрно грозје нема да им дадеме на винариите и ќе ги радикализираме протестите, порачаа доцна синоќа тиквешките лозари од протестот кој го организираа на градскиот плоштад. На кавадарчани им се приклучија лозари од сите производни региони бидејќи сите ја делат истата мака со старите цени по кои сакаат да откупуваат винариите.  Наместо ланските 10 за смедервката и 13 за вранецот лозарите бараат винариите да ги зголемат откупните цени кои со години се непроменети на 16 за белото грозје со 17 до 18 за црното винско грозје. Тие бараат државата да скрои законот како за тутунот и за грозјето да се знае однапред договорена количина со аванс и пари на сметка ако сака винаријата да откупува.

-Нашиот став е дециден и јасен да се промени законот и да се ископираат одредбите од законот за тутун. Ние упативме и еден апел, сопствениците на винариите и останатите откупувачи на грозје, најдоцна до вторник 27.08.2019 година да го сменат својот тврд и ретрограден став, и откупните цени на сортите смедеревка и вранец/кратошија да ги подигнат во висина на производните цени,16 денари за смедеревка и 18 денари за вранец. Во спротивно лозарите ќе бидат принудени да ги радикализираат барањата, да ги употребат сите дозволени средства, почнувајќи од протести, преку бојкот на откупот, па и до блокада на патишта и поважни државни сообраќајници се до нивно исполнување. Овие мерки ќе бидат спроведувани во повеќе региони на државата, согласно постигнатата платформа на производителите на грозје, рече Трајче Кулев претседател на здружението Напредни лозари од Кавадарци.

Очекуваат да продолжат преговорите со винариите во посредство на министерството  за земјоделство. Ако продолжат винариите да се однсеуваат арогантно и без никакви реални аргументи да стојат на ланските цени за да си остваруваат за себе екстра профити, лозарите најавуваат блокади и порадикални протести.

-Ние не бараме нешто посебно туку само да го поделиме пореално колачот од екстра профитите кој го остваруваат винариите на наш грб а ние не можеме да преживееме и да си ги платиме долговите. Ние сме во оваа држава затворени во еден лавиринт и никако да најдеме излез. Мора да се најде начин и ние да опстанеме а не само да бегаме од државата. Како ние да ги платиме аргатите по нивите кои земаат од 1300 до 1500 денари дневница кога нас парите ни ги давааат по шест месеци и тоа за мизерни откупни цени, додаде Кулев.

 

Од минситерството деновиве со став дека може во оваа фаза само да посредуваат при разговори меѓу двете страни а за евентулани мерки за поддршка би се донеле по завршување на откупот за да не им се намали дополнително откупната цена.

Инаку во процесот на производство од килограм грозје купено од лозарите за 10 денари и платено по 6 месеци винаријата полни шише од 750 милилитри кое на пазарите се продава од 200 до 300 денари. Во соседството килограм грозје од лозарите се откупува по далеку пореални цени од оние понижувачките во земјава, Па така во Албанија откупната цена е 22 денари, во Србија е 30 денари а во Црна Гора лозарите добиваат по 60 денари за предаден килограм. Со десет денари колку што сакаат винариите да откупуваат лозарите сметаа дека само се помага иселувањето на тиквешијата и се помалиот број на лозја кои се работат.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close