fbpx
Вести

Работилница за биодинамично земјоделство во Делчево

delcevo

Спецификите на биодинамичното земјоделство, како земјоделство кое дава најеколошки и здрави производи, беше претставено на дводневна работилница пред делчевските земјоделци.

Фиданчо Христов од Здружението на органски производители на храна „Аронија“ од Делчево, кој е и организатор на настанот, истакна дека целта на овие дводневни обуки е земјоделците да се запознаат со биодинамичното земјоделство кое даvа квалитет на производите.

– Целта е да се запознаат земјоделците со биодинамичното произвидтсво, календарот на производство составен според вселенските влијанија и влијанијата на ѕвездите, како и со биодинамичните препарати. Ќе научат лекции за производство на храна која ќе има квалитет, рече Христoв.

Овој начин на производство е непознато за овој регион, но затоа пак, во соседна Бугарија веќе се собираат квалитетни плодови при чие произвдство нема загадување на околината и употреба на хемикалии.

Димитар Стојанов, стручњак за биодинамично производтсво од соседна Бугарија, истакна дека тој 20 години го проучува и применува биодинаминото земјодлетсво.

– Ова производство значи дека тоа што го произведуваме за храна, нема никакви штетни влијанија врз луѓето и животните. Значи, еколошки чиста храна и тоа е основната цел во биодинамичното земјоделство, кај нас не се зборува за килограми, за приходи, колку од декар, колку од квадрат, кај нас се зборува за чиста продукција и големината нема значење, туку квалитетот. Бидејќи, ние сме сведоци во целиот свет и во Европа дека се јавуваат најразлични болести, посебно кај децата, и никој не признава дека основната прична за тоа е неквалитетната храна, да не речам отровна, истакнa Стојанов.

Овој начин на земјоделство користи и биодинамични препарати од пет растенија, а сите се поврзани со по една планета од сончевиот систем. Со нивната примена, тие внесуваат природна сила во земјата и делуваат како мини сончев систем.

– Биодинамичното земјоделство е повисок степен на органското производство. Ние го користиме влијанието на вселената, при што користиме календар каде точно е предвидено која дејност кога е пожелно да се работи. Такви календари имаат многу држави, но ние ги користиме германскиот и францускиот календар. Тој им укажува на земјоделците во зависност од зодијачкиот појас каков импулс иде на земјата и во кој дел од нивата да работиме, рече Стојанов.

Првиот дел од обуката се однесува на пчеларството.


 

а1он.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close