ВестиМакедонија
Работниците да не потпишуваат бланко документи за отказ на договорите за работа
Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот (СУТКОЗ) при Сојузот на синдикати на Македонија со реакција
Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот (СУТКОЗ) при Сојузот на синдикати на Македонија реагира на информациите дека најголем дел од угостителите ги одјавиле работниците. Од Синдикатот апелираат до работниците да не потпишуваат какви било бланко документи за откажување на нивните договори за вработување.
– Работодавачите од угостителскиот сектор, да не ги манипулираат работниците од овој сектор, а на работниците им укажуваме да не потпишуваат под присила или закана никакви бланко документи кои работодавачите ќе ги злоупотребат за откажување на нивните договори за вработување. Укажуваме дека спротивно на закон и на колективен договор е доколку работниците имале склучено договори за вработување да се одјавуваат токму денеска, еден ден пред започнување на мерките со кои се ограничува работењето во овој сектор, велат од Синдикатот.
За ваквите случаи, СУТКОЗ заедно со ССМ најавува пријави до надлежните инспекциски служби и кривични пријави со цел да се спречат ваквите злоупотреби.
– Работниците ги охрабруваме, сите прекршувања на нивните работнички права да ги пријават до СУТКОЗ и ССМ за да можеме навремено да интервенираме и да ги зачуваме нивните работни места, апелираат од Синдикатот. https://nezavisen.mk/sutkoz-rabotnicite-da-ne-potpishuvaat-blanko-dokumenti-za-otkaz-na-dogovorite-za-rabota/