fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Основните трошоци на четиричлено семејство зголемени за 320 денари во ноември

Евидентно е дека минималната синдикална кошница секој месец се зголемува и затоа ССМ постојано апелира минималната плата да изнесува најмалку 18 000 денари, а линеарно да се зголемуваат и сите останати плати

Основните трошоци на едно четиричлено семејство во ноември се зголемени за 320 денари во споредба со октомври, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.Според пресметките на синдикатот, вредноста на синдикалната кошничка во ноември изнесува 34.893 денари. За храна и пијалоци минимум биле потребни 15.000 денари, а за режиски трошоци 10.914 денари.

– Евидентно е дека минималната синдикална кошница секој месец се зголемува и затоа ССМ постојано апелира минималната плата да изнесува најмалку 18 000 денари, а линеарно да се зголемуваат и сите останати плати. Поради се по евидентното зголемување на цените, повеќе од неопходно е дека ни треба зголемување на платите со кои ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница. Затоа, апелираме да бидат прифатени забелешките на синдикатите во врска со зголемувањето на платите, за да не продолжи трендот на осиромашување на граѓаните, велат од ССМ.https://nezavisen.mk/osnovnite-troshoci-na-chetirichleno-semejstvo-zgolemeni-za-320-denari-vo-noemvri/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close