
Жена, земјоделка тешко повредена – додека работела на нива повредена од приклучна механизација
Во еден момент, жената била повлечена од механизмот, при што се здобила со тешки повреди. Таа била пренесена во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Четириесет и шестгодишна жена, земјоделка од прилепското село Сенокос се здобила со тешки телесни повреди додека извршувала земјоделски работи во нива, во местото викано „Рибник“, во атарот на селото.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 24 октомври во Одделението за внатрешни работи Прилеп. Несреќата се случила околу 15:10 часот.
Жената, со иницијали Е.И., заедно со сопругот С.И. ги собирала цревата од системот за наводнување „капка по капка“, користејќи самостојно изработен механизам приклучен на трактор.
Во еден момент, жената била повлечена од механизмот, при што се здобила со тешки повреди. Таа била пренесена во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.




