fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сончево со мала локална облачност и северен ветер

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието, каде повремено ќе достигне и брзина над 60 километри на час.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Под влијание на нов влажен и студен бран кон крајот на денот во сабота ќе има врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат в недела.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close