fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Кои се новите членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола?

Гордана Темелковска Костовска и Мимоза Богданоска Јовановска се предложени за нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола.

Гордана Темелковска Костовска и Мимоза Богданоска Јовановска се предложени за нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола. Предлог – номинацијата е потпишана од Тони Јосифоски и од „Кара“ ДООЕЛ Скопје, друштво за производство, трговија и услуги, акционери кои заедно поседуваат 5,29 проценти од вкупниот број акции со право на глас. Предлогот ќе се разгледува на претстојното акционерско Собрание објави порталот https://pari.com.mk

Темелковска Костовска е магистер по економски науки и меѓународна трговија со меѓународен маркетинг. Има 31-годишно работно искуство во финансискиот сектор. На позицијата финансов директор е 24 години, а таа фунција сега ја врши во „Руле Турс“.

Богданоска Јовановска е доктор по административни науки. Од 2022 година е редовен професор на битолскиот Факултет за информатички и комуникациски технологии. Како вработена на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола има 15 години работно искуство во високото образование.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close