вести

Радиоактивните печурки откриени во Франција биле увезени од Белорусија

Печурките во кои беа откриени траги од радиоактивен цезиум, во Франција биле увезени од Белорусија, а не од Русија, соопшти претставник на францускиот Институт за заштита од радиоактивност и нуклеарна безбедност (ИРСН).

Претходно вчера, како што јави МИА, директорот на француската Агенција за нуклеарна безбедност, Пјер Франк Шеве соопшти дека во печурки „што во Франција биле увезени од Русија“ се откриени траги од радиоактивен цезиум.

– Најновата информација што ја имаме е дека траги од цезиум веројатно се откриени во печурки увезени од Русија, изјави Шеве на сослушување во францускиот Сенат посветено на нуклеарната безбедност.

Меѓутоа, според ИРСН, станува збор за 3,5 тони печурки, што во Франција пристигнале од Белорусија преку Франкфурт, кај кои при царинската контрола е откриено присуство на цезиум 137.

Станува збор за радиоизотоп кој настанува како отпад при работата на нуклеарни рекатори.

Портапролот на Институтот истакна дека печурките немаат врска со радиоактивното загадување со рутениум 106, што беше регистрирано во текот на октомври во поголемиот дел на Европа.

– Бидејќи печурките потекнуваат од Белорусија, најверојатно тие се контаминирани со радиоактивност од Чернобил, изјави портпаролот на ИРСН.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close