fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Рамномерен развој на селата во Општина Новаци

Општина Новаци

 

Рамномерен развој на селата во Општина Новаци

Село Градешница бисерот на Мариово е со комплетно поплочени улици и пристапен асфалтен пат од 9 км.Од неодамна препознатливо по споменикот скулптура „Коњ -триумф на животот над смртта“.Наскоро Градешница ќе биде препознатлива и по комплетно уреденото капалиште на Градешка Река под селото кое ќе биде атракција и место за уживање за туристите и локалното население.

-Како локална самоуправа вложуваме во селата од овој крај со цел да го запреме негативниот тренд на иселување на месното население .Ги обновуваме, ги правиме инфраструктурно попристапни до секого.Жителите од овој крај се враќаат и ги реконструираат своите куќи.За време на викендите Мариово заживува. Го развиваме меморијалниот и руралниот туризам и привлекуваме туристи од целиот свет, вели градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

 

Нов асфалтен пат за селото Тепавци

Жителите на с.Тепавци добија нов асфалтен пат во должина од 3 км.
Станува збор за инвестиција финансирана од Влада на Р.С.Македонија преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.Изградбата и асфалтирањето на овој локален пат е во вредност од 18.901.948 денари.


-После неколку децении жителите на с.Тепавци добија нов асфалтен пат, сега е целосно олеснат пристапот до ова населено место, така што го решивме деценискиот проблем на жителите од ова село со што овозможивме инфраструктурно поврзување благодарение на финансиската поддршка од Владата на Р.С.Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.Програмата за рурален развој е одличен пример за тоа како се подобруваат условите за живот во руралните средини. Ние како локална самоуправа подготвуваме бројни инфраструктурни проекти кои се од приоритено значење за локалното население од помалку  развиените населени места од нашата општина и максимално ги искористуваме средствата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.Ги подобруваме условите за живот и овозможуваме обнова и развој на сите населени места во општина Новаци,истакнува градоначалникот Кузманоски.

 

Нов регионален пат Рапеш-Старавина во должина од 9 километри

Пуштен во употреба е регионалниот пат Рапеш-Старавина во должина од 9 км од потегот мост на река Црна до Старавина.

Станува збор за инвестиција од 36.000.000 денари, средства обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта и изведувач на градежните работи ЈП „Македонија пат“.
Со градежните активности се започна минатата година кога беа асфалтирани 6 км, а оваа година со асфалтирањето на останатите 3км целосно се асфалтира регионалниот пат Битола-Рапеш-Старавина во должина од 53 км.

-Го решивме деценискиот проблем на жителите од овој регион.Не ги оставивме заборавени и излагани, напротив со силни заложби успеавме да ги пуштиме во употреба останатите 9 км нов асфалтен пат од регионалниот пат Рапеш-Старавина за денес сите жители од овој крај да ги користат бенефитите од употребата на веќе 53 км асфалтиран регионален пат и поврзување на Битола со Старавина и Градешница, истакна Кузманоски.

А.Б

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close