Раноградинарските производители загрижени поради иницијативата „Отворен Балкан“
Не треба да стравуваат од конкуренција туку да инвестираат во нови современи пластеници.
Ова е пораката на заменик министерот за земјоделство Трајан Димковски како одговор на загриженоста на струмичките рано градинари заради кревањето на рампите за брз и слободен влез на домати и краставици од Албанија со потпишувањето на договорите за Отворен Балкан.
Албанското рано градинарство заради близината на морето и поволната клима стасува заедно со струмичкото па и порано со тоа што нема трошоци за греење и досега лесно го преземаше домашниот но и пазарите каде традиционално се извезуваше нашиот зеленчук.
Платежната агенција годинава ја сумираше како успешна со над 90% реализирани исплати на субвенциите и речиси целосна искористеност на годишниот буџет доделен од Европа за Ипард програмите.
Агенцијата за храна и ветеринарство очекува од следната година да се отворат нови можности за извоз на јагнињата откако земјава го потврди статусот на земја слободна од болеста чума кај овци и кози.https://kanal5.com.mk/ranogradinarskite-proizvoditeli-zagrizheni-poradi-inicijativata-otvoren-balkan/a509928