fbpx
ВестиТоп вести

Засега нема опасност од поплави во Битолскиот регион

Стрежевската акумалција, колку и да бидат силни најавените врнежи на дожд, може целосно да го прифати дотокот на вода од пелистерските сливни подрачја, бидејќи во моментов располага со 85 милиони м3 вода, а капацитетот на езерото е 120 милиони. Со тоа, опасност од поплави, барем засега нема. Ова го велат од ЈП “Стрежево“ и главна задача на вработените во овие денови ќе им биде, контрола на конфигурацијата на теренето на собирниот и главниот канал поради опасности од свлечишта, како што се случи во 2015 година.

-Техниката и човечкиот факктор се на терен и секаде каде што ќе детектираме свлечишта, да можеме да интервенираме за да не додјдеме во ситуација да не можеме да испорачаме вода на главниот канал, додека на собирниот канал имаме присуство на луѓе и механизација, с`е со цел, да можеме да ги прифатиме водите од пелистерското подрачје- рече Менде Граматковски, директор на ЈП “Стрежево“.

Мелиоративните зафати во Пелагонија во 2016 година од претходната власт , овозможија стабилна состојба со исчистените речни корита на реките Црна, Шемница и Драгор, а исто така, петнаесетте канали во Пелагониското поле, се очекува, да ги прифатат водите од претстојните врнежи.

-Моментално нема можности за поплави. Реката Црна е на 90 см на котата, така да, не би требало да има никакви проблеми до 2м и 50 см. На тоа ниво ако дојде, може да биде загрижувачко- рече Дејан Заревски, раководител во АД Водостопанство “Битолско поле“.

Во Битолскиот регион, од вчера вечер има рамномерни врнежи на дожд, а утринава измерени се во Новачкиот регион 15 литри на м2, додека во атарот на Могила над 10 литри на м2. Тие количества до послепладневните часови се дуплирани, меѓутоа, земјоделците велат дека поради сушниот период оваа пролет, дождовите се добродојдени.

-Колку и да се застрашувачки временските прогнози овие денови, сепак, мајскиот дожд од секогаш за земјоделците бил бериќетен. Така е и денеска. Досега паднаа околу 30 литри на м2 во Пелагонија, меѓутоа, единствено што може да се рече дека за кратко време ќе бид еодложена сеидбата на пченката која е при крај и садењето на тутунот.


 

alfa.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close