Почна откупот на тутун, тутунарите очекуваат повисока цена

Се планира да бидат откупени 26 илјади и 500-ни тони тутун од над 28 илјади кооперанти. Годинава родот е помал, но е далеку поквалитетен, па тутунарите очекуваат да се постигне повисока цена.

Големите претпријатија ги отворија пунктовите за откуп на тутунот од годинашнава реколта. Жолтото злато ќе се презема во над 160 откупни пунктови. Се планира да бидат откупени 26 илјади и 500-ни тони тутун од над 28 илјади кооперанти.

Мострите се заверени и се подигнати, а деветте откупувачи имаат банкарски гаранции дека ќе го платат родот, велат од Сојузот на тутунските здруженија.

Годинава родот е помал, но е далеку поквалитетен, па тутунарите очекуваат да се постигне повисока цена.

Откупната кампања се очекува да заврши до 20-ти февруари. Ланската реколта донесе цена од 196 денари по килограм откупен тутун.

Share Button