Во фокусот на тргувањето, во последната седмица од претходниот месец се наоѓаше сојата која ја следеше раст на цената. Странскиот пазар бележи пад на цената на робата, поради стравот од забавување на економскиот раст како последица на ширењето на корона вирусот.
На новосадската Продуктна берза, во текот на цел јануари, забележан е низок обем на тргување, што продолжило и во последната седмица. Во фокусот на тргувањето, последната седмица од месецот, била сојата, кај која е забележан раст на цената. Вкупниот промет за оваа седмица изнесувал 175 тони роба, чија финансиска вредност изнесувала 7 612 000 динари.
Сојата се продавала по цена од 39,50 до 39,60 дин/кг
Пондерираната цена изнесувала 39,54 дин/кг без ДДВ (43,50 дин/кг со ДДВ), што претставува раст од 3,25% во споредба со претходната споредбена цена.
Пченката оваа седмица бележи отсуство од тргување. Побарувачката за жолтото зрно по цена од 16,00 дин/кг и понудата по цена од 16,10 до 16,40 дин/кг без ДДВ, не резултирале со склучени берзански договори.
Зголемената побарувачка за сточна пченица со минимална хектолитарска маса од 72, по цена од 19,00 до 19,40 дин/кг без ДДВ, не резултирала со склучени берзански договори, Исто така, впечатлива е намалената побарувачка за млинската пченица.
Берзанскиот индекс ПРОДЕКС на 0.01.2020 година, бил на ниво од 205,62, што претставува раст од 0, 46 индексни поени.
На странските пазари, на падот на цената на сојата во Чикаго влијаеле: отсуство на кинески купувачи на американска пченица наспроти потпишаната согласност, почетокот на жетвата во Бразил со добри резултати. На падот на цената на останатата стока, како и на сојата, влијаеле стравовите од забавување на економскиот раст, како последица на ширењето на корона вирусот.
Преглед на понудени и заклучени количини, како и растојание помеѓу понудените и постигнатите цени на земјоделските производи во разгледуваниот период:
Стока | Понудена количина (t) | Цена на понудата дин/кг со ДДВ |
Пченка род 2019 | 800 | 17,82 – 18,20 |
Пченка род 2019 гратис лагер до 31.03 | 500 | 17,71 |
Пченка род 2019 гратис лагер до 30.05 | 4000 | 18,04 |
Пченка род 2019 испорака февруари – март | 300 | 18,15 |
Пченка род 2019 испорака март | 1000 | 18,70 |
Соја, род 2019 | 350 | 42,57 -44,00 |
Соина сачма 44% | 50 | 52,56 |
Јачмен род 2019 | 100 | 18,15 |
Коронавирус: Пад на цената на сите стоки
Во Чикаго, во однос на податокот од претходната седмица, пченицата поевтинила 3,44%, а пченката за 1,63%. Стравувањето од забавувањето на светската економија, поради ширењето на корона вирусот, влијаело на падот на цената на сите стоки. Во Чикаго во однос на податокот од претходната седмица, сојата поевтинила 3,65%, а соината сачма поевтинила 2,48%.
Отсуството на кинеските набавки на америчката соја, наспроти потпишаниот договор, со почетокот на жетвата во Бразил, влијаеле на движењето на цените на таа стока. Во Париз, во однос на податокот од претходната седмица, пченицата поевтинила 2,04%, а пченката 1,88%.
Зелена берза