fbpx
ВестиСовети

Градинарство – календар за месец април

gradina

Во овој период во јужните региони може да се посади раниот модар патлиџан. Растојанието помеѓу редовите треба да биде 50 – 70см, а внатре во редовите 50 – 60см.

Кај кромидот, доколку е влажно времето во овој период е можна појава на жолти дамки на листовите и појава на пламеница. Доколку се забележат првите симптоми потребно е веднаш да се изврши третирање со соодветни регистрирани фунгициди.

Раните домати се препорачува да бидат посадени во период од 17 до 30-ти април, средно касните во периодот од 25 април до 15 мај.

Краставиците се препорачува да бидат посадени во период од 25 април до 10 мај.

Продолжува грижата за растенијата кои што треба да бидат посадени. Неколку дена пред садењето тие треба да бидат истретирани профилактично.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close