Раст на цените на зелените пазари
На зелените пазари во февруари најскапо се продаваше јаболкото. Гравот пак, иако се најавуваше помал род и негово поскапување, еден килограм можеше да се купи скоро по иста цена како и лани. Нелогична е и цената на оризот, која е поевтина и покрај двојно помалку засадените површини и помалиот род минатата реколта…
Карактеристично за минатиот месец е зголемената цена на јаболкото, споредено со истиот период лани, како на зелените пазари така и на пазарите на големо. Цените ги качија раните пролетни мразеви кои го зафатија Ресенско- преспанскиот рергион.
Златниот делишес поскапел најмногу и чинеше 46 денати за килограм, односно за 80 насто повеќе.
Поскапи беа и кивито, портокалот и калинката, а лешникот, лимонот и цитронот беа поевтини.
Од зеленчукот по пониски цени се продавале карфиолот за 62, бруколата 26, пиперкат, доматот и краставиците 13 и тиквица за 26 проценти.
Овој февруари единствено поскапи биле, маслинките за 4,5, тиквата за 5,6 и цвеклото за 6 проценти.
Оризот лани чинел 67, а годинава иако понудата се преполовени, на зелените пазари се продава за 63 денари за килограм.