fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од полноќ поскапуваат горивата

Од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 ќе поскапат за 2 денари по литар гориво, додека Еуродизел поскапува дури 3,5 денари. Според ова, од вечерва на полноќ, па се до следниот понеделник, Еуросупер БС-95 на бензинските станици ќе се точи за 73 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 75 денари, а литар Еуродизел ќе се продава по 63,50 денари по литар гориво.

Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука повторно ги зголемува цените на бензинот и дизелот во нашата земја.

По долгиот тренд на поскапувања, кој беше прекинат со поевтинувања, Регулаторната комисија за енергетика подготви ново поскапување за бензинот и дизелот во нашата земја. Со својата најнова одлука, согласно методологијата за утврдување на малопродажните цени на горивата во земјава, од вечерва на полноќ нафтените деривати ќе поскапат за 3,36 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела.

Преведено во конкретни бројки, ова значи дека од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 ќе поскапат за 2 денари по литар гориво, додека Еуродизел поскапува дури 3,5 денари.

Според ова, од вечерва на полноќ, па се до следниот понеделник, Еуросупер БС-95 на бензинските станици ќе се точи за 73 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 75 денари, а литар Еуродизел ќе се продава по 63,50 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 5,549%, а кај дизелот за 4,440%. Освен тоа, како важен фактор во утврдувањето на новите цени се истакнува и зголемениот износ на акцизата за дизелот согласно Законот за акцизи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close