
Агро бизнисВестиМакедонија
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни
До среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови. Утринската температура ќе биде во опаѓање. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.





