Раст од три проценти на трошоците за живот во мај годинава, споредено со лани
Индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи зголемување од 3.0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 9.1 %, свежото и разладеното овошје за 4,1 осто, маслото и маснотиите за 2,1 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,4 отсто и месото за 0,3 отсто. Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 12,4 проценти, парамедицинските услуги за 5,5 проценти, обувките за 3,3 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 2,8 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,6 процент, медиумите за снимање за 0,8 процемти, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0.6 %, медицинските услуги, стоматолошките услуги за 0,5 проценти, материјалите за одржување и поправки за живеалиштето, градините, растенијата и цвеќињата за 0.4 проценти, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.3 проценти, малите алатки и останатите додатоци, фармацевтските производи, другите медицински производи, патниот патнички транспорт, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,2 проценти.
Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3 проценти. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 3.0 процемти, моторните возила за 1,5 проценти, велосипедите за 0,5 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,4 проценти, книгите за 0,3 проценти.