fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски: Поддршката за лозарите и винарите е постојана и значи економски развој, нови вработувања и конкурентност на домашниот и странскиот пазар

Долгорочната стратегија на Владата меѓу другото вклучува мерки за подобрување на амбиентот за стопанисување, поволен и за лозарите и винарниците.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, истакна дека Владата останува партнер за развој на земјоделските дејности со најголем раст во нашата земја.

Премиерот Ковачевски вчера во Демир Капија и Кавадарци ги посети винарниците „Кралица Марија“, „Попови“, и винарниците на Тиквеш во селата Трстеник и Лепово, и со нивните први луѓе разговараше за долгорочната стратегија на Владата која меѓу другото вклучува мерки за подобрување на амбиентот за стопанисување, поволен и за лозарите и винарниците.

Дел од тие мерки се и измените во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството со авансната финансиска поддршка, зголемениот износ за мерката зелена нафта, како и грантовите за малите винарници.

Заедно со останатите мерки, како и со мерките од ИПАРД Програмата, кои се дополнителна поддршка за модернизирање и развој на оваа гранка преку инвестиции за изградба на винарници и набавка на опрема и друго, поддршката за лозарите и винариите обезбедува економски развој на Тиквешкиот регион, нови вработувања и конкурентност на производите на домашниот и странскиот пазар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close