Расте бројот на осигурани земјоделци, но нивото и натаму ниско
Расте бројот на земјоделци што го осигуруваат бизнисот, но и натаму, нивото останува ниско. Според податоците од Здружението за осигурување на истекот од оваа година е регистриран пораст на осигурувањето во аграрот за 62%, но бројот на осигурани земјоделци останува мал и покрај државните субвенции за полисите.
Според расположливите податоци , бројот на земјоделци кои го заштитиле својот род не надминува ниту 6,5 отсто или од вкупно 165 илјади регистирани земјоделци само нешто повеќе од 10 илјади имаат осигурителна полиса. Како главна причина пред се, се посочува слабата информираност, потоа немањето средства но и ниската свест за последиците. Генерално, пазарот со осигурителни полиси и годинава ќе прикаже позитивни стапки на раст. Од Агенцијата за супервизија велат дека Полисите за животно осигурување бележат зголемување од 21%, но и натаму доминира осигурувањето со причина, како регистрација на автомобил или осигурување на недвижност поради хипотека .
Заклучно со третиот квартал од годината осигурителните компании во земјава имаат остварено бруто премија од 98 милиони евра.