fbpx
Вести

Расте интересот за органско земјоделско производство

Расте интересот за органско производство. Се поголем број на земјоделски производители одлучуваат да направат конверзија од конвенционално во органско производство. Само во струмичкиот регион во последната година и половина се регистрирани околу 30 нови производители, бројка која според здружението Органологистик е  навистина добра посебно,  ако се земе во предвид дека пред неколку години имало пад на интересот за ваквото производство.

raste interesot za organsko zemjodelsko proizvodstvo

 

– После падот, еве од минатата година веќе имаме некаде околу триесетина нови органски производители кои за овие една и пол,  две години веќе почнуваат да работат како органски производители. Со оглед на тоа дека останавме околу дваесетина ова зголемување е повеќе од дупло.,, вели Ѓорги Хаџи Котаров – здружение на органски производители „Органологистик“ – Струмица.

Ако на почетокот најголемиот број органски производители биле претежно овоштари,  во последните години интерес за овој вид производство покажуваат и пчеларите, а се повеќе ги има и градинарите кои сакаат конвенционалното да го заменат со органско производство.

Од здружението велат дека органското производство може да биде перспективата на македонското земјоделие бидејќи интерес за овој тип на производи има како на домашниот така и на странските пазари.

– Интерес за органско се повеќе и повеќе има, меѓутоа се уште имаме многу мали количини , значи неможеме да одговориме на нивните барања. Тие сакаат да соработуваат со нас, веќе имаат направено и проби на некои од нашите производи кои ги имаме овде, сакаат да можеме да ги извеземе кај нив меѓутоа количината моментално ја имаме ние, што може да ја понудиме е многу мала, вели Хаџи Котаров.

Во моментов на ниво на држава има околу 400 органски производители и неколку преработувачи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close