Обуки за адаптација на земјоделството кон климатските промени

(Oвој напис е објавен на: March 3, 2017)

 

obuki za adaptacija na zemjodelstvoto kon klimatskite promeni

ЦНВП Фондација во соработка со локални и интернационални експерти од CDI од Универзитетот во Вагенинген спроведе обука за со цел да се унапреди знаењето на 15 избрани советници од АПРЗ. 

Земјоделството е еден од најчуствителните сектори засегнати од климатските промени, а воедно и најзначаен сегмент за развој и економска стабилност на руралните области во Македонија. Негативните ефекти од климатските промени и појавата на екстремни временски услови кои се карактеризираат со нагли температурни промени, се сериозна закана за борбата за намалување на сиромаштијата  и обезбедување доволно храна за светската популација која е во континуиран пораст. Токму поради изложеноста на земјоделството како еден од најчувствителните сектори засегнати од климатските промени,  проектот “Зголемување на сигурноста за производство на храна од страна на малите земјоделци во Рурална Македонија” обезбеди обуки за советниците на АПРЗ.

Во просториите на Агенцијата беше одржана дводневна обука за 15 советници од сите регионални центри на тема: Концепти на земјоделство прилагодено на климата и климатските промени.

Мерките за адаптација кон климатските промени подразбираат мерки за намалување на ранливоста на природните системи и човекот. За правилен избор и ефективна имплементација на мерките за адаптација кон климатските промени, важно е добро да се познава нивниот ефект и условите во кои тие ќе се применат. Постојат бројни активности кои индивидуалните земјоделци можат да  ги применат во различни сегменти од производството. Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) е главен давател на советодавни услуги за земјоделците на национално ниво.  Неколку години наназад се појавуваат критични промени во временските услови кои резултираат со поплави, особено во регионите на Пелагонија и Струмица, додека во истовреме други региони, како што е на пример Овчеполието, страдаат од недостаток на вода. Двата екстрема резултираат со загуби во приносите кои ги погаѓаат малите  земјоделци  и безбедноста на храната, особено во поглед на храната за семејствата како и загуби во приходите на земјоделците. Преку добро развиена мрежа на канцеларии и обучени советници, агенцијата може веднаш да реагира на приоритетните потреби на земјоделците за подобрување на нивното производство и очекуваните резултати, но и минимизирање на климатските влијанија на земјоделските загуби.

Проектот е финансиран од NUFFIC – Холандската програма за стипендии и е специфично дизајниран со цел да се унапреди знаењето на 15 избрани советници од АПРЗ. Преку серија обуки проектот ќе им овозможи на советниците да го унапредат своето знаење за примена на интегриран пристап кој осигурува безбедност на храната, интегриран пристап во стопанисувањето со вода и земјиште како и адаптирање на климатските промени со цел да обезбедат соодветни совети за малите земјоделци.

 

Коментирај

Име*

Е-маил* (never published)

Страна