fbpx
Вести

Расте минималната кошница: За основните месечни потреби на четиричлено семејство потребни се 32.383 денари

kosnica

На едно четиричлено семејство во Македонија во февруари му биле потребни 32.383 денари за основните месечни потреби, покажуваат податоците на Синдикалната минимална кошница.

Нејзината вредност е зголемена во споредба со јануари кога изнесувала 32.354 денари.

Најмногу пари или 13.395 денари во февруари биле потребни за храна и пијалоци, а 10.476 денари за комунални трошоци и покуќнина. За лична хигиена се одвојувале 927 денари, а за хигиена во домот 1.364 денари.

За превоз четиричлено семејство трошело 2.349 денари, а за обувки 2.122 денари. Најмалку пари се одвојувале за културни активности и за здравје.


 

курир.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close